Со усвојувањето на „Законот Магнитски“ во американскиот конгрес, Русија ја прошири црната листа на американските државјани на кои ќе им биде забранет влезот во оваа земја.

На листата поделена во три категории, се наоѓаат истражните судии, членовите на Министерството за правда и агентите на специјалните служби кои кривично ги гонеле и осудувале руските државјани. Во другите категории спаѓаат американските конгресмени кои го иницирале законот и родителите кои ги злоставувале посвоените деца од Русија.
Инаку, пред околу една година, на контраадмиралот на воената морнацра на САД, Џефри Хербесон, не му беше доделена виза за престој во Русија.
OhridNews












