Во квалификацискиот дуел за ЕП за жени во Москва , домашната селекција на Русија ја совлада Македонија со 8-0 (2-0).По три гола за русинките постигнаа Морозова и Машина, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа Перцева и Медвед.

Македонија на оваа средба настапи во состав:Чакмакоска, Смилкоска, Гиновска(Стојанова), С.Андонова, Арсова, Милеска (Ангеловска), Роки, Брахими, Н.Андонова, Нацева (Наумоска) , Петрова. Селектор: Благоја Филипоски.

Следниот квалификациски натпревар е Грција-Македонија на 4.04 во Атина.

Ohridnews