Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го обнови членството на Рускиот олимписки комитет (РОК), откако заврши речиси тримесечната суспензија за време на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

– Рускиот олимписки комитет во целост ги обнови своите права. Оваа одлука за нас е од големо значење. – истакна првиот човек на РОК, Александар Жуков.

ИОК на петти декември привремено ја дисквалификува Русија поради обвинувањата за системски допинг, но на руските спортисти им дозволи да учествуваат на Игрите во Пјонгчанг под олимпиското знаме и химна.

OhridNews