Селекторот на руската фудбалска репрезентација Фабио Капело годинава не ја примил својата плата, а рускиот фудабалски сојуз треба да му го исплати целиот годишен износ од 11 милиони долари.


Италијанецот уште од јуни чека да му биде платено, но рускиот сојуз е во финасиска криза, пишува хрватската агенција Хина.

„Знаеме дека на селекторот му должиме, крај на годината е и празници се, а проблемот ќе го речиме веднаш на почетокот на наредната година, изјави претседателот на сојузот, Николај Толстик.

Капело (68) ја презеде репрезентацијата на Русија во 2012 година, а пред тоа четири години ја водеше Англија.

Дел од медиумите тврдат дека Русите не се многу задоволни од неговато работење со оглед дека репрзентацијата испадна уште во првиот круг од СП во Бразил. Токму Русија е домаќин на следниот мундијал.

„Макфакс“