Рускиот репрезентативец Алан Џагоев поради повреда нема да биде во составот на репрезентацијата која ќе се натпреварува на Европското првенство.
Џагоев (25), се повреди на мечот во Казањ, во последното коло во националниот шампионат. Играчот од средниот ред го постигна едниствениот гол на тој натпревар и му овозможи на својот тим ЦСКА да ја одбрани шампионската титула.
Деталните прегледи покажале дека Џагоев се здобил со фрактура на коска во стапалото.
Рускиот селектор Леонид Слутски, веднаш го повика во репрезентацијата фудбалерот на Краснодар, Дмитри Торбински.
Инаку, покрај Џагоев рускиот селектор на ЕУРО 2016 нема да може да смета и на Јури Жирков, Денис Черишев и Олег Кузмин.
„Макфакс“
OhridNews