Земјата организиратор на Светското првенство во фудбал 2018 година, Русија го зголеми буџетот за дополнителни 325 милиони долари.
Зголемувањето на буџетот русите не го образложија, па вкупниот износ за организирање ќе достигне до 10,8 милијарди долари. Повеќе од половина од вкупниот износ за СП ќе го покрие државата.
Членови на организациниот одбор наведуваат дека новите финансии ќе се искористат за изградба или опремување на објектите за натпреварување, но без конкретни објаснувања.
Русија се покажа добар домаќин на Зимските Олимписки игри во Сочи, а за Мундијалот најавуваат спектакл.
OhridNews