Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на руските сили по неколкунеделната опсада.
Не е се во наша моќ. За жал, денеска сме во рацете на окупаторите, рече Бојченко во телевизиско интервју во живо, пренесе Си-Ен-Ен.

Според нашите проценки, околу 160.000 луѓе денес се во опколениот град Мариупол, каде што е невозможно да се живее, бидејќи нема вода, струја, греење, нема комуникации, рече Бојченко. – И навистина е страшно, додаде тој.

Украинските власти тврдат дека руските сили спречиле хуманитарни конвои безбедно да се приближат или да излезат од градот.
Потребна ни е целосна евакуација од Мариупол, рече Бојченко. – Нашата најважна мисија денес е да го спасиме секој живот… И има надежи дека ќе успееме. На пример, има 26 автобуси кои треба да одат до Мариупол за да евакуираат, но за жал, тие не добија дозвола за движење, појасни градоначалникот.
OhridNews











