Руски новинар познат по своите критики против рускиот претседател Владимир Путин почина откако бил брутално претепан до смрт од страна на непознати лица. 73-годишниот Николај Андрушченко бил нападнат пред шест недели и од тогаш се наоѓал во кома, се до вчера кога починал во болница во Санкт Петербург.

Напаѓачите се уште не се фатени ниту идентификувани, но според уредникот на весникот “Нови Петербург“ каде работел Андрушченко, тие се поврзани со извесен корупциски скандали во Санкт Петербург, за што новинарот истражувал и објавувал текстови.

Андрушченко станал познат по пишувањето текстови за заштита на човековите права и криминалот. Тој во 2007-ма година бил во затвор поради наводна опструкција на законот додека водел истрага на одредено убиство и судење на извршителот на убиството.

OhridNews
Макфакс