Ждрепката за осминафиналните парови во Лигата на Европа на мегдан ги однесе германските екипи Шалке – Борусија Менхенгладбах, додека „црвените ѓаволи“ ќе се сретнат со руски Ростов.
Интересни пресметки ќе бидат двомечите меѓу Лион – Рома, Олимпијакос – Бешикташ и меѓу екипите од Белгија, Гент – Генк.
Првите натпревари се играат на 9 март, а реваншите недела дена подоцна.
Двојки 1/8 финале:
Селта Виго – Краснодар
АПОЕЛ – Андерлехт
Шалке – Борусија Менхенгладбах
Лион – Рома
Ростов – Манчестер Јунајтед
Олимпијакос – Бешиткаш
Гент – Генк
Копенхаген – Ајакс
OhridNews