Голем број љубители на хорската музика вчеравечер имаа можност да уживаат во концертот на рускиот хор „Јарославија“ кој се одржа во Црквата „Света Софија“ во Охрид.
Концертот беше дел од манифестацијата „Деновите на духовна култура на Русија во Македонија“, а на програмата можеа да се слушнат класични хорски нумери од руски композитори, како и литургиски песнопенија.
Филхармониска хорска капела „Јарославија“ од Јарославската државна филхармонија, секоја година реализира голем бро настапи во Русија и во странство. Оваа капела ги продолжува најдобрите традиции на руската хорска изведувачка школа. Уметнички раководител и диригент со хорот е Владимир Контарев.
OhridNews












