Промотивните активности на општина Охрид за позиционирање на Градот на мапата на атрактивни туристички дестинации беа проследни и од рускиот Билтен за туризам и култура. Пишувајќи за убавините на Охрид  и осврнувајќи се на традицијата, културата и историјата интернет сајтот “Ведомости туризма и культуры” успешно ја доловува  вистинската понуда за посетителите.

Претходно Охрид  се најде и на страниците на рускиот Вотпуск сајт, кој дневно го посетуваат повеќе од 90 000 посетители, односно 2 милиони и 700 илјади читатели месечно, меѓу кои најбројни се претставниците на туристичките агенции, тур оператори и потенцијалните туристи.

Убавините на Охрид, безвремените пејзажи, идиличната атмосфера, културната ризница и историската посебност, раскошот кој би го пленил секој оној кој ќе се посака да ужива во мирот, спокојството и широките езерски хоризонти на древниот град, пораката за продолжување на меѓусебното почитување, подготвеноста за проширување на соработката базирана на вековното пријателство и желбата Охрид со широко срце да ги дочека руските туристи беа претставени во руската „Сеница“.

Дел од претставниците на туристичките агенции, тур оператори и медиуми го најавија своето учество на промо турата „Охрид 2017“ која општина Охрид, оваа година, ја организра во месец Септември, на која ќе имаат можност да да ги видат сите потенцијали на охридскиот туризам и понудата која можат да ја вклучат во своите туристички аранжмани, а истовремено преку текст да ја доловат уникатноста на градот, срдечноста на мештаните и незаборавните мигови поминати покрај езерските води.

OhridNews