Руските тенисерки Елена Веснина и Светлана Кузнецова една против друга ќе се сретнат во финалето на мастерс турнирот во Индијан Велс.


Пласманот на Веснина во големото финале е изненадување, додека Кузнецова сигурно чекори по планот на турнирот во Америка.

Веснина во 1/2 финалето ја совлада Французинката Кристина Младеновиќ во два сетови (6-3, 6-4) за помалку од час и половина, додека Кузнецова триумфираше над Каролина Плишкова исто така во два сетови (7-6, 7-6).

Руското финале во Индијан Велс е в недела со почеток во 20 часот.

OhridNews