Денешниот еден – два дуел на “Атина Бојаџи“ се очекува да ја наполни до крај единствената трибина на градскиот стадион. Од таборот на второпласираниот 11 Октомври  очекуваат непоразени да го напуштат Охридското крајбрежје.

Нема оптоварување, може мирно да се одигра во Охрид.
Двете се добри екипи, не случајно водечки. Одиме на надигрување.
Растоварени сме и се надеваме најмалку на бод. Тешко да примаме гол, а
доколку дадеме, победуваме
– смета офанзивниот Благоче Рутески.

Нападот е најсилното оружје на домаќините, кои во досегашните девет меча, забележаа исто толку победи со импозантна гол разлика 24-3. Во пролетната етапа на трите одиграни меча постигнаа дури 12 гола.

Но денес против себе ќе имаат еден исклучително цврст противник во името на 11 Октомври кој на деветте досегашни гостувања примил само еден гол и тоа од пенал на мечот со  Беласица кој и го загубија со 1-0. На преостнатите осум гостувања нивната мрежа останала чиста.  

Натпреварот започнува во 16 часот.

М.П.