Ракометари на Охрид 2011 прокнижија нови три бода, откако “гладијаторите“ на “гостински“ терен во Охрид го совладаа Младост со 26-19 (16-12). Избраниците на Андоновски, ништо не оставија на случајност и уште од првиот момент нападнаа со сите расположливи средства.


Во нападите кон голот на ресенчани, предничеше тандемот Томоски и Трифуноски кои искомбинираа 16 погодоци, а чуварот на мрежата Пецаков со 15 интервенции го отпиша Младост од поволен резултат. Најискусниот во составот на Охрид 2011, Николоски постигна три погодоци додека Андоновски два пати беше прецизен.

Тренерот на охриѓани, Андоновски во последните минути од мечот му пружи шанса, на подмладокот од Охрид 2011, кои рутинирано и одговорно ја искористија приликата да се наметнат за првиот состав. 


Во наредната 16-та рунда “гладијаторите“ го пречекуваат Ѓорче Петров екипа која им го нанесе првиот пораз на Текстилец во првата машка ракометна лига. Охрид 2011 со 30 бодови, се наоѓа на втората место, кое води во баражот за Супер Лигата.

Мх.П.