Ракометарите на Охрид извојуваа убедлива победа на натпреварот од 7 коло од Супер лигата со Радовиш 35:17.

Гладијаторите имаа водство во текот на целиот натпревар кое се зголемуваше постојано.

Охрид на мечот настапи со комбиниран состав, а шанса добија помладите и играчите од клупа. По шест гола постигнаа Петриќ и Ѓукиќ, Саврески мечот го заврши со четири погодоци.

Статистика ГРК Охрид:
Чаневски, Стрмљан 2, Ојлески, Иванковиќ, Кукуловски 4, Шипинкоски 3, Трајчески, Ристески 1, Реј Моралес, Савревски 5, Лиапис 4, Блажески, Бојаниќ 3, Петриќ 6, Џукиќ 6, Ѓорѓески 1 (8 одбрани).

Рутинска победа на ГРК Охрид во мечот со Радовиш

Охрид сега се врти кон европските обврски и двомечот со Баки од Азербејџан од 2 коло на ЕХФ Европскиот куп, што ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ во сабота и недела (11 и 12 октомври) со почеток во 18 часот.

Г.М.
Фото: А. Момироска