Лондонските екипи Арсенал и Тотенхем забележаа лесни и рутински победи на стартот од Новата година во рамките од 19-та рунда во Премиер лигата.


„Топчиите“ на домашен терен го совладаа Кристал Палас со 2-0. Мечот на Емирати долго ќе се памети по „шкорпија“ голот на Оливие Жиру, со кој францускиот репрезентативец го отвори резултатот.


„Петлите“, пак, со 4-1 го преслушаа составот на Ватфорд на Викариџ Роуд. Хари Кејн и Деле Али беа творци на победа постигнувајќи по два погодоци.


Премиерлигашите, ќе немаат време за одмор, бидејќи од понеделник почнува 20-та рунда во првенството.

OhridNews