Екипите на Јувентус и Наполи со сигурни победи над Каљари (3-0) односно Верона (3-1) ја започнаа новата сезона во најсилната италијанска лига.
„Бјанконерите“ победата ја најавија во 12-та минута со голот на Марио Манџукиќ. Гостинскиот состав имаше можност да се врати, но Џизи Буфон го скроти ударот од белата точка на Диего Фаријас. Казната за нереализираната шанса стигна подоцна кога Дибала и Игуаин стрелеа прецизно за комотна предност и победа.
„Азурите“ победата ја осигураа во првиот час игра постигнувајќи три погодоци. Во финишот останаа со играч помалку, а домашните фудбалери го искористија да постигнат само почесен погодок.
Натпреварите од првата рунда продолжуваат в недела.
OhridNews