Милиони луѓе во Германија барем еднаш имале лажно чувство дека им ѕвони мобилниот телефон, а научниците сé уште не ја откриле причината за овој феномен на „фантомското ѕвонење“. 

Секој трет Германец барем еднаш имал чувство дека му ѕвони мобилниот телефон, а всушност никој не го побарал, покажуваат резултатите од репрезентативното истражување што го пренесе германската телевизија n-tv. Тоа значи дека 25 милиони Германци реагираат на „фантомските повици“, дека слушаат ѕвонење или имаат чувство на вибрирање на мобилниот телефон, коишто се одигруваат само во нивната глава.

Според истражувањето, појавата е почеста кај мажите, околу 42 отсто, отколку кај жените – 36 проценти, како и кај оние под 30-годишна возраст, – 50 отсто, отколку кај постарите – 20 отсто. Интересно е што „фантомското ѕвонење“, како што е наречена оваа појава, почесто се слуша во западниот отколку во источниот дел од Германија.

Научниците сé уште не пронашле одговор за оваа појава. Некои претпоставуваат дека станува збор за навики или очекувања кои влијаат врз однесувањето, а во овој случај тоа би можело да биде и од страв да не се пропушти некој важен повик или порака.

OhridNews
извор:„Макфакс“