Втората година по ред, Веспрем и Вардар ќе се борат за златниот медал во регионалната ракометна СЕХА лигата. Како и минатата година така и оваа Весрпрем на пенали го елиминираше Брест Мешков, а Вардар го совлада Динамо Загреб во полуфиналните пресметки.


– После победа каква што забележавме против Брест Мешков голема е мотивацијата за финалниот натпревар во кој ќе се сретнеме со Вардар. Нашиот противник во финалето одигра маестрален натпревар во 1/2 финалето што за нас предизвикува дополнителен предизвик. – рече тренерот на Веспрем, Хавиер Сабате.

Минатата година во финалето славеше унгарскиот шампион, а нашиот преставник во финалето шанса за реванш ќе има в недела со почеток во 20 часот.

OhridNews