
На овој ден пред 106 години било унифицирано писмото на Албанците во рамки на Битолскиот конгрес. Конгресот во Битола бил отворен на 14 ноември и траел до 22 ноември 1908 година и на него учествувале 50 делегати од 26 градови, клубови и друштва. На Конгресот била усвоена одлуката да се прифати латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик.
OhridNews












