Воените сили на Соединетите американски држави ноќеска нападнаа три ирански нуклеарни објекти. Нападот го извршиле таканаречените невидливи бомбардери Б-2 Спирит кои исфрлиле 12 пенетрациски бомби GBU-57/B (т.н. „бункер-разбивач“) врз три ирански нуклеарни објекти – Фордоу, Натанц и Исфахан.
Нарекувајќи го „насилник на Блискиот Исток“, американскиот претседател Доналд Трамп, се закани ако мирот не дојде наскоро, САД ќе таргетираат и други цели во Иран.
Или ќе има мир или ќе има трагедија многу поголема од онаа на која бевме сведоци во изминатите осум дена, истакна Трамп во обраќањето до нацијата, оценувајќи ја акцијата како „многу успешна“.
Иран, пак, воизврати со воздушни напади врз Ерусалим и Тел Авив. Погодени се повеќе објекти, а најмалку 16 лица се повредени.
Г.М.