По откажување на Самитот на шефови на држави членки на процесот за соработка во Југоисточна Европа, со реакција се огласија од Стејт департментот.

Оттаму велат дека се разочарани што е пропуштена можност за дискутирање околу регионалните предизвици по силните напори кои се вложени од страна на македонскиоте претседател Ѓорге Иванов.

Идеалите за соработка и дијалог се критички важни за безбедноста, стабилноста и просперитетот на секоја држава и на Балканот во целина. Разочарани сме откако слушнавме дека Самитот е откажан. Македонскиот претседател Иванов и неговиот кабинет работеа многу напорно да организираат позитивен и продуктивен самит и за жалење е што лидерите од регионот ќе ја пропуштат оваа можност да дискутираат за предизвиците со кои сите тие се соочени. “ –  изјавија претставници на Стејт департментот за „МИА“.

Инаку, од американскиот Стејт департмент се надеваат дека состанокот на министрите за надворешни работи, кој почнува денеска во Охрид, ќе биде продуктивен.

OhridNews