Во јуни оваа година, можен е воен напад врз Иран, изјавил американскиот претседател Барак Обама, пишуваат израелските медиуми.

„Постојано разговарам со Нетанјаху и го разбирам неговото инсистирање дека Иран не смее да се стекне со нуклеарно оружје, бидејќи тоа би го загрозило светот, бидејќи со тоа би почнала и трката во нуклеарно вооружување.“ – изјавил претходно Обама.
Инаку, веќе подолг временски период, Израел бара од Белата куќа воено да се интервенира во Иран, поради развивањето на нуклеарно оружје во оваа, на кое се спротиставуваат и големите светски сили.
OhridNews












