Садам Хусеин е мртов. Бившиот претседател на Ирак беше погубен со бесење околу 6 часот наутро по локално време. Погубувањето се изврши во Министерството за правда, северен Багдад. Бившиот диктатор одлуката за негово бесење ја дознал во својата ќелија кога му бил врачен црвен картон – систем кој бил воведен за време на неговото владеење, измислен од него самиот.
Според ирачката влада, телото на Хусеин ќе биде закопано на тајна локација. Неговата смрт најверојатно нема да има влијание врз отежнување на ионака тешката ситуација во Ирак.
Погубувањето било снимено на филмска лента (заради историски цели) но нема да биде прикажано јавно. Слики од мртвото тело најверојатно ќе бидат прикажани.

извор:
euronews