Две деца во Азербејџан се обесиле изминатиот викенд, во два одвоени инциденти за кои се смета дека се извршени под влијание на егзекуцијата на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин.

Според првичната истрага по однос инцидентите, седумгодишниот Наиг Гасанов се обесил од љубопитност, а 12-годичниот Шакир Сунчелеев посегнал по јажето „во знак на протест“.
Пред да си го одземе животот, малиот Наиг ги прашувал родителите за текот на самиот чин на бесење и експериментирал додека тие не биле дома.

Претходно во текот на овој месец едно момче од Саудиска Арабија се обеси, најверојатно во знак на поддршка на Садам, а алжирско момче беше обесено од неговите другари за време на игра која симулирала егзекуција.