На вчерашната седница, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки е назначен за Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Дураки, кој постојано е на високи државни функции во ерата на владеење на ДУИ, претходно раководеше со Министерството за животна средина, а неговата работа беше остро критикувана од јавноста.Токму за него беа најгласни шпекулациите дека ќе го зафати метлата на премиерот, но со реконструкцијата на владата тој доби две функции.

OhridNews
фото: влада.мк