Охридската библиотека од 15 октомври до 15 ноември традиционално го одбележува Mесецот на книгата. Во овој период секојдневно бележи посети на ученици од основните и средни училишта.

Вработените во Библиотеката исцрпно ги информираат со дејноста на библиотеката и процесот на доаѓање на книгата во рацете на читателите, а тие имаат можност бесплатно да ја разгледаат оваа установа. Библиотеката по повод Месецот на книгата од утре до 16 ноември – во работните денови организира Саем на книгата, информираат во соопштението.

Во Месецот на книгата од библиотеката со предлог да се купи и подари книга, додавајќи дека на Саемот има разновидна литература од домашни и странски автори.

Книгите се на македонски, албански, турски и англиски јазик. Книгите од едицијата 130 тома македонска книжевност се по цена од само 157 денари примерок, а достапни се и книги од едицијата врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа (различна цена по примерок), ѕвездите на светската книжевност – различна цена по примерок, како и книга од познат македонски автор преведена на англиски јазик од едицијата 130 тома македонска книжевност може да се најде по цена од  473 денари, соопштуваат од Библиотеката.

Саемот ќе биде отворен во четврток и петок, а потоа од понеделник до среда во терминот од 10.00 до 18.00 часот.

OhridNews