Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид на 3 декември 2025 година организира Саем за кариера, кој ќе започне во 12:00 часот на Универзитетот.

Како високoобразовна институција која континуирано придонесува за едуцирање и развој на стручно подготвени ИТ кадри, Универзитетот преку овој настан ја зајакнува соработката меѓу академијата и индустријата. Очекуваме интерес и успешна соработка меѓу академската заедница и бизнис-секторот, со цел создавање нови можности за младите кадри во ИТ секторот. Исто така, ги повикуваме средношколците да дојдат да го посетат Саемот за кариера, бидејќи тоа е прекрасна можност да се запознаат со студиските програми што ги нуди Универзитетот и можностите за нивен кариерен развој, потенцираат од Универзитетот.
OhridNews











