Саем за образование и кариера ќе се одржи денес во организација на Младинскиот Центар Охрид во просториите на поранешната касарна во периодот од 12:00 до 14:00 часот.

На истиот ќе присуствуваат претставници од средните училишта од Општина Охрид и две средни училишта од Општина Струга со промотивни материјали, каде ќе ги презентираат нивните програми и можности за учење пред полуматурантите. Исто така, на саемот ќе земат учество и Факултетот за туризам и угостителство, Универзитетот за информатички технологии и наука „Апостол Павле“ и дел од факултетите членки на УКИМ. Истите ќе ги презентираат своите програми пред матурантите од Општина Охрид, велат од Младинскиот Центар.

Целта на саемот е да се запознаат полуматураните и матураните од Општина Охрид за можностите за нивниот понатамошен развој и кериерен напредок.

Дополнително, додаваат, на истиот е предвидено да има кариерно советување од страна на лиценцирани кариерни советници и музички дел во текот на целиот настан.

OhridNews