Саем за сезонско вработување во туристичкиот сектор во Охрид и Струга ќе организира Касарна Хаб. Велат ова е фантастична можност за вработување во некој хотел или ресторан и стекнување на драгоцено искуство во туризмот за средношколците над 15 години и студенти кои бараат сезонска работа.
Бараме ентузијастички и пријателски настроени луѓе кои сакаат да работаат со туристи од различни култури. Како сезонски вработен, ќе имате можност да работите како угостителски персонал, во ресторан, во кујна, на плажа и слично. Некои од барањата за овие позиции вклучуваат пријателска и позитивна личност, одлични комуникациски вештини. Претходно искуство во туристичката индустрија е плус, но не е задолжително. Потребно е да имате добри комуникациски вештини, познавање на англиски е неопходно за некои позиции и подготвеност да се работа во смени, за викенди, со флексибилно работно време, информираат.
Додаваат дека се нудат конкурентни плати, бакшиши, забавна и динамична работна средина и можност за стекнување многу нови познанства во целиот свет.
Очекуваме учество на 30-тина туристички и угостителски бизниси од Охрид и Струга. Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да работите во возбудливиот свет на туризмот додека сте на летен распуст, потенцираат од Касарна Хаб.
Сите заинтересирани лица можат да аплицираат за една од понудените сезонски позиции на Саемот кој ќе се одржи на 24 и 25 март во просториите на Касарна Хаб од 12 до 18 часот.
OhridNews