Чешката тенисерка Луси Сафарова обезбеди пласман во финалето од францускиот гренд слем турнир Роланд Гарос победувајќи ја Ана Ивановиќ во два сетови (7-5, 7-5).


Во првиот сет Сафарова се врати од работ на бездната откако имаше негатива од 5-2. Со два освоени гемови на сервис од Ивановиќ, Чешкињата го освои првиот сет.

Сафарова во вториот сет уште на стартот направи предност (3-1) што ја одржа до крајот на мечот и обезбеди меч во финалето.

Пласманот во финалето е прво за Сафарова на гренд слем турнирите, а таа го држи 13-то место на светската АТП рејтинг листа.

Мх.П.