Со рекорден трансфер вреден 222 милиони евра Нејмар го комплетираше преминот од шпанскиот клуб Барселона во францускиот шампион, Пари Сент Жермен и стави точка на сапуницата околу неговата иднина.
Бразилскиот репрезентативец со „светците“ потпиша петгодишен договор, а по сезона ќе заработува 55 милиони евра.
– Пресреќен сум што дојдов во ПСЖ. Кога доаѓав во Европа овој клуб беше еден од најкомпететивните и најамбициозните. Мотивација ќе ми биде да ги освојуваме трофеите кои ги сакаат навивачите. Ме привлече амбицијата на ПСЖ, заедно со страста која клубот ја поседува. Играв четири години во Европа и мислам дека дојде време за нов предизвик. Ќе сторам се за да им помогнам на соиграчите, на му овозможам на клубот да отвори нови хоризонти и да им донесам радост на милионите навивачи ширум светот. – изјави Нејмар за клупската страница.
Нејмар со емотивно видео се збогува со Барселона, а многу среќа во новиот клуб му посакаа Лионел Меси, Луис Суарез и другите соиграчи од клубот.
OhridNews