Трансфер сагата околу Филипе Кутињо најверојатно ќе добие финална разрешница во летниот преоден рок, кога треба за 140 милиони евра да се пресели од Ливерпул во Барселона.

Како што пишува весникот „Мундо Депортиво“, трансферот помеѓу двата клубови и фудбалерот е договорен и ќе се официјализира после завршувањето на Мундијалот во Русија.

Името на Кутињо речиси три сезони се поврзува со Барселона, а најблиску до трансфер играчот за врска беше минатото лето кога и самиот побара дозвола за заминување од Енфилд.

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп од тој момент до расчистувањето на случајот го „заборави“ бразилскиот фудбалер и го пресели да тренира со резервите.

OhridNews