Сагата околу иднината на Кристијано Роналдо заврши, откако Португалецот за отштета од 105 милиони евра се пресели во Јувентус, од актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид.

Сите детали околу трансферот на Роналдо во Сериа А беа договорени денеска. Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели лично отпатувал во Грција каде со фамилијата одмара Португалецот и седнал на маса со Роналдо и неговиот менаџер Жорге Мендез.

Очекувано, португалскиот репрезентативец ќе го носи дресот со бројот 7, кој сигурно ќе биде еден од најкупувани во следниот период.

Роналдо во кралскиот клуб помина неверојатни девет години. Освои четири титули во ЛШ, две во Ла Лига и уште дузина во Копа дел реј и останатите натпреварување во кои учествуваше со Реал Мадрид.

OhridNews