Жестотката битка помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити за титулата во англиската Премиер лига продолжува со несмален интензитет. „Граѓаните“ победија на Селхурст Парк против Кристал Палас 3-1, а „црвените“ возвратија со триумф над Челси 2-0 на Енфилд. Ливерпул има два бодови предност, но и меч повеќе од Сити, кој има потежок распоред во завршницата од сезоната.

  • Мораме да се фокусираме само на нас и да ја одработуваме работата максимално. Се надеваме на кикс на Манчестер Сити и ние да ја преземеме палкта во трката. Ги пратам нивните игри и резултати, и токму тие ме мотивираат. Пред да почне нашиот меч со Челси знаев што направија и како победија и мислам дека ние одговоривме на сличен начин. – изјави Мохамед Салах.

Репрезентативецот на Египет постигна спектакуларен погодок за 2-0 во 53-та минута и ја запечати победата на Ливерпул во дерби средбата со Челси. Резултатот го отвори Садио Мане, кој биеше прецизно со глава две минути претходно.

OhridNews