Фудбалерот на Рома и репрезентативецот на Египет, Мухамед Салах би требало да биде првото засилување за „црвените“ од Енфилд.

Брзоногиот фудбалер според англиските медиуми отпатувал на островот да го комплетира 45 милиони вредниот трансфер од Рома. Италијанскиот калчолигаш и Ливерпул водеа долги преговори за услугите на фудбалерот, но на крајот најдоа заеднички јазик.

Ако лекарските прегледи поминат во најдобар ред и Ливерпул го промовира Салах, тој ќе биде најскапиот фудбалер на Енфилд. Овој епитет го има Енди Керол кој за 35 милиони фунти премина во Ливерпул од Њукасл.

Салах нема да има поголеми проблеми околу адаптацијата во Англија, бидејќи една сезона помина во дресот на Челси, но не успеа да се наметна кај менаџерите и помина уште две на позајмици во Фиорентина и Рома која и го откупи на крајот.

OhridNews