Египетскиот репрезентативец и член на Ливерпул, Мухамед Салах прогласен е за најдобар фудбалер на Африка за 2017 година. Салах во трката за најголемото признание ги совлада Садио Мане и Пјер Америк Обамејанг.
Салах првата полусезона од 2017 година ја помина во Рома, а втората во тимот на Ливерпул. Брзоногиот фудбалер блесна во дресот на „црвените“ и со 17 голови е втор стрелец во англиската Премиер лига.
– Со освојувањето на оваа награда се остварува мојот сон. 2017 година беше неверојатно добра за мене како фудбалер и за мојата репрезентација со која обезбедивме пласман на Светското првенство во Русија. Ова е големо достигнување за мене и можеби најголемиот момент во мојата кариера. – рече Салах.
25-годишниот фудбалер приматот најдобар фудбалер во Африка го презеде од Ријад Марез, а претходно во 2015 прогласен за најдобар беше Обамејанг.
OhridNews