Современата светска медицина до сега има понудено лекови за само 5% од ретките болести, а терапиите се исклучително скапи, што укажува на потребата од поголема општествена грижа за овие пациенти, чии животи во голема мера зависат од соодветната помош што ја очекуваат од државата. Ова меѓу другото беше истакнато на Регионалната конференција за ретки болести што во организација на Здружението на пациенти за ретки болести, МАНУ – Одделение за генетика и Здружението на лекари за ретки болести, се одржува викендов во Струга.
Загрижува што тендерите се уште траат предолго, а не секој може да го издржи чекањето, а може да се влоши и состојбата на пациентот во тој период. Тендерот за увоз на лекови за ретки болести е при крај, но би сакале да биде побрза постапката. Проблем има и со паралелен увоз на лекови. Заеднички спречивме неколку случаи на обид за паралелен увоз. Треба да се работи повќе со фармацевтските компании и клиниките да има квалитетни лекови за подобар живот, кога веќе плаќаме да има и добри лекови. – изјави Весна Алексовска од Здружението на лица со ретки болести „Живот со предизвици“.

Воведена е програма за ретки болести. Буџетот за оваа намена е зголемен од 220-380 милиони, додадени се лекови за дополнителни 5 ретки болести, воспоставен е електронски регистар на пациенти, се вложува во генетската лаборарторија на МАНУ, истакна министерот Филипче.



Г.М.











