Само 6,6 отсто од македонските граѓани ја искористиле визната либерализација за патување во земјите од Шенген зоната, покажува истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики. Според етничката припадност, најмногу патувале Македонците, додека по 19-ти декември трендот е обратен – повеќе патувале етнички Албанци.

Како главна причина за тоа 30,1 отсто од граѓаните кои учествувале во истражувањето го навеле недостатокот на финансиски средства, додека 27,8 отсто не патувале поради неможноста да извадат биометриски пасош. При влез во Шенген зоната на само 5,7 отсто им биле побарани дополнителни документи покрај пасош.

Испитувањето на Центарот за истражување и креирање политики  е спроведено на примерок од 1.100 испитаници во текот на месец февруари.

ОhridNews