Реал Мадрид освои само бод на гостување во Севиља ремизирајќи (1-1) со екипата на Бетис во последниот меч од 21-та рунда во Ла лига.
„Кралевите“ на крајот и треба да бидат задоволни со освоениот бод бидејќи еден час имаа негатива 1-0. Во 7-та минута Чејудо погоди за домаќините, а Бензема во 71-та минута го изедначи резултатот.
По завршувањето на 21-та рунда „лос бланкос“ заостануваат четири бодови од Атлетико Мадрид и Барселона, но каталонците имаат меч помалку.
Резултати : Атлетик Билбао – Еибар 5-2, Атлетико Мадрид – Севиља 0-0, Депортиво ла Коруња – Валенсија 1-1, Бетис – Реал Мадрид 1-1.
Табела : Барселона 48 (-1), Атлетико Мадрид 48, Реал Мадрид 44, Виљареал 41…
Мх.П.











