Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс во интервју за англиските медиуми отворено зборуваше за квалитетот на Премиер лигата и играчите кои партиципираат во неа.
Неколку сезони наназад премиерлигашите не бележат најдобри резултати во европските натпреварувања, а според Сколс тоа е одраз на неквалитетот во лигата.
– Не е никакво изненадување овој факт со кој сега се соочуваме. Само напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро има квалитет да засили екипа какви што се Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен. – рече Сколс.
Легендарниот фудбалер од Олд Трафорд смета дека екипите од Премиер лигата моментално се наоѓаат во вториот ранг по квалитет, рамо до рамо со Јувентус и Пари Сент Жермен.
Ако англиските екипи сезонава потфрлат во Лигата на Шампиони и не направат некој посериозен успех тогаш им се заканува одземање на едно место кое ќе им биде доделено на италијаните.
Мх.П.












