Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона му испрати видео порака на Златан Ибрахимовиќ кој сезонава ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“.
Кантона за блескавите игри во дресот на Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд го доби надимакот „крал“, што пак сега го користи Ибрахимовиќ.
– Имам една порака за Златан. Одлуката да го облечеш дресот на Јунајтед тие најдобра во својот живот. Кога ќе зачекориш на Олд Трафорд, кога ќе го осетиш духот на сите легенди кои играле, кога ќе постигнеш гол пред Стретфорд Енд, кога ќе го слушниш твоето име од навивачите, кога срцете ќе чука посилно и ќе проба да излезе од твоите гради, тогаш ќе знаеш конечно дека со дојдол дома. И да имам уште една работа да кажам. Во Манчестер еден може да биде крал, ти можеш да бидеш принц, ако сакаш секако, да живее принцот ! – рече во видео пораката Кантона.
Кантона беше дел од првата од многуте шампионски генерации кои ги создаде шкотскиот стручњак Сер Алекс Фергусон на Олд Трафорд.
OhridNews