Ракометарите на Охрид со високи 33-16 го совладаа МРК Ѓорче Петров и ја забележаа втората победа во првата ракометна лига.


Комплетената екипа се запиша во листата на стрелци а ги предводеше Томоски со 10 гола.  Уште постигнаа Анѓелкоски 2, Андоноски 4, Митрески 3, Николоски 1, Јованоски 2, Трифуноски 9,Поп-Стефанија 1, Димитриевски 1 гол.

Во наредното коло охриѓани гостуваат во Радовиш, каде очекуваат да ја забележат првата победа.

М.П.