
–По завршувањето на моравската мисија кога стигнале во Рим папата Адријан ги одобрил и признал нивните книги како и словенскиот јазик и наредил нивните дела да бидат ставени во олтарот на римската црква Санта Марија Маџоре. Тие биле застапници на идејата за универзална црква и затоа на 31 декември 1980 година папата Јован Павле Втори ги прогласува Светите Кирил и Методиј за сопокровители на Европа, објаснува Жура.
Иако Светите Кирил и Методиј никогаш не биле во Охрид во овие краишта постои силен култ кон нив, за што во голем дел се заслужни нивните ученици Климент и Наум. Тие од Охрид ја продолжиле мисијата за описменување на словенските народи, а нивните дела и по повеќе од 11 века силно се 
– Да не беше мисионерската дејност на продолжувачите, на Климент и Наум, не ќе беше ни големото дело на Кирил и Методиј. Кога тие продолжувачи дошле на овие простори тука бил развиен паганизмот, а Климент и Наум ги отфрлиле латинизмот, 
Охрид традиционално петта година по ред Денот на Светите Кирил и Методиј го одбележа со бројни манифестации. Делегација на општината, образовни и други установи положија цвеќе на споменикот на просветителите во центарот на градот, а на плоштадот се одржа свеченост на која на наградените ученици на државните и меѓународни натпревари им беа врачени пригодни подароци.











