Од денес до среда Македонија ќе биде домаќин на квалификациите за ЕП за фудбалери до 17 години.  “Црвено-жолтите“ се во група со Романија, Шведска и Република Ирска, а селекторот Висар Ганиу најави атака на место во елитната рунда квалификации.

 

–    Се освен пласман во елитната рунда ќе биде неуспех. Познаваме дел од селекциите и според нашите сознанија ќе ја темпираме против играта за мечевите – рече Ганиу за време на подготовките на фудбалерите на тест средбата во Струга.

Мечевите ќе се играат на терените во Скопје и Куманово.
Прво коло
Скопје : Македонија – Романија
Куманово: Ирска – Шведска

Второ коло 1 октомври
Скопје : Македонија – Ирска
Куманово : Романија – Шведска

Трето коло 4 октомври
Скопје : Македонија – Шведска
Кумананово : Романија – Ирска

Ohridnews