Со натпреварот  Охрид Лоте – Беласица продолжува трката за опстанок за составот на “градежниците“ . “ Сино – белите“ се во позитивна низа , но на домашен терен играат топло ладно. По убедливиот триумф над Влазерими со 6-1, следуваше “петарда“ од Миравци.


Победата над Цементарница со 1-0 со голот на Исаку во финишот на мечот, и триумфот над Охрид во пријателската средба ги врати насмевките во таборот на “помалиот брат“.

Само победа е во план. Не не интересираат нивните математики, трите бода се од големо значење за нас – велат од клубот.


Првиот меч одигран во есенскиот дел заврши со триумф на “кенгурите“ од 4-1. Единствен стрелец за охриѓани беше Толески.

Натпреварот Охрид Лоте – Беласица се игра недела од 16 часот,а ќе го води скопјанецот Неделкоски Дејан.

Ohridnews