Најновото остварување на режисерот Иво Трајков, краткометражниот фил „Само за Губотници“, ќе биде прикажан денеска на фестивалот „Синедејс“ во Скопје.

„Мистериозна русинка пристигнува во мал град со една единствена цел – да изврши самоубиство на најромантичен начин. Но, работите не се одвиваат по планот и наеднаш таа се наоѓа во невозможна врска со еден локален тип. Двајцата ќе мора да сфатат дека некои работи во животот… се само за лузери.“ Дел од оваа интересна приказна се снимаше во Охрид. Неа ја раскажуваат ликовите кои ги глумат Сашко Коцев, русинката Викторија Мироваја, Верица Недеска, Петар Мирчески…, а во филмот играат и актерите од Охридскиот театар Стрезо Стаматоски и Горан Стојаноски.

Филмот „Само за губитници“ ќе се прикажува во киното „Фросина“ со почеток во 19 часот.