По подарувањето цвеќе на охриѓанките на градскиот плоштад, Петрески го посети и штабот на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата каде на припадничките на понежниот пол им подари цвеќе и им го честита празникот.
Добредојде му беше посакано од кандидатот за градоначалник д- р Никола Бакрачески и носителот на листата за советници д- р Јованка Точко.
– Се надевам дека посетата е искрена и во духот на таа искреност ќе продолжи и кампањата. Јас неколку пати кажав дека ќе промовирам позитивни вредности и нова свест и ниво на политичка култура во изборниот процес.Се надевам дека со моите настапи ќе ги увериме граѓаните дека политичката свест во Охрид мора да добие покоректна димензија и конечно да прифатиме некои меѓународни стандарди во нивото на изразување и кон политичките противници. Се надевам дека ваква посета нашите опоненти ќе остварат и на 24 март за да ни ја честитаат победата, рече по посетата Бакрачески.
Како што беше на шега кажано на средбата- „само жената може да направи чуда“.