Самостојната изложба „Муренките црници во изумирање во Радожда“ на академскиот сликар Славко Упевче ќе биде отворена вечерва, со почеток во 18:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

На изложбата ќе бидат поставени 30 дела работени во повеќе ликовни техники (сув пастел, акварел, туш и масло на платно).

Изложбата е придружна манифестација на отворањето на Балканскиот фестивал на народни песни и игри од Охрид. Таа е поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес.

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да ја погледат изложбата до 21 јули.

OhridNews