Самостојната изложба на слики од авторот Башки Меџити во петок во галеријата во Куќата на Робевци.
Ќе бидат изложени 20-тина дела работени во последната година во техника акрил на платно.
Башким Меџити е роден на 16 јули 1965 година во Гостивар. По завршувањето на средно образование ЦСНО „Злате Малакоски“ – Гостивар 1984/85, во 1986 година се запишува на Факултет за ликовна уметност во Приштина, отсек сликарство во класата на проф. Тахир Емрес, каде што дипломирал во 1991 година. На истиот Универзитет, во 1998 година успешно ги завршува постдипломските студии и се здобил со звање магистер по сликарство.
Меџити има одржано досега неколку самостојни изложби во 2021 – Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, 2021 – Национална галерија „Мала станица“, Скопје, 2019 година – Галерија Прима центар, Берлин – Германија, 2019 година – Gallery MC, Њујорк, САД, 2018 – Fellbach-HausSuharekë – Р. на Косово, 2018 – Гултивар „Култ“ Гостивар, 2017 – „КИЦ” – Скопје, 2017 година – Културен центар на Република Македонија, Софија – Р Бугарија, 2015 – Gallery MC, Њујорк, САД, 2009 – Gallery MC, Њујорк, САД, 2008 – Отворено студио, La Cite des Arts, Париз, 2008 – Национална галерија на Македонија – Чифте Амам, Скопје, 2007 – Њујорк, Културен центар на Република Македонија, 2006 – Центар „Лоја“ Тетово, 2005 – „КИЦ” Скопје, 2004 – Центар за култура Гостивар, 2003 – „Виа Игнатија“ Гостивар, 2002 – К.Галерија, „ла Мираж“ Гостивар, 2001 – „Долче Вита“ Гостивар, 1998 – „Европа галерија“ Гостивар.
Изложбата во галеријата на Куќа на Робевци ќе биде отворена во 20 часот.
OhridNews














